profilnologoWEB

Потпишан Протокол за соработка со Дирекцијата на државните архиви на Претседателството на Република Турција

На 21 јуни 2019 година, Државниот архив на Република Северна Македонија беше домаќин на делегација од Дирекцијата на државните архиви при Претседателството на Република Турција предводена од директорот проф.д-р Угур Унал. Двете институции остваруваат соработка на високо ниво уште од 1990 година која е потврдена со потпишани досега шест договори за соработка во различни области на архивската дејност. Во насока на продлабочување на таа соработка, во рамки на работната средба, директорот Кирил Петров и директорот проф.д-р Угур Унал потпишаа нов Протокол за соработка со кој се предвидува размена на специјалисти од доменот на архивското работење; истражувачки престои и размена на копии на архивски материјал врз основа на реципроцитет и во согласност со националното законодавство; размена на зборници на документи и архивски списанија; организација на научни состаноци и заеднички изложби на репродуцирани примероци од архивски материјал.

На средбата беа разгледувани предлози за едуцирање на вработените во Државниот архив на Република Северна Македонија и беа предложени концепти за соработка со дипломатските и воените архиви од Република Турција.

На потпишувањето на Протоколот за соработка присуствуваше и Н.Е. г-ѓа Тулин Еркал Кара, амбасадор на Република Турција во Република Северна Македонија.

Најнови објави