354450129_578889307735976_13391447226390015_n

31-та КОНВЕНЦИЈА НА ICARUS ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО СКОПЈЕ И ОХРИД

На дводневниот состанок на Меѓународниот центар за архивско истражување – ICARUS, со седиште во Виена, е донесена одлука 31-та Конвенција, што се организира двапати годишно, да се одржи на 8,9 и 10 ноември во Скопје и во Охрид. На Генералното собрание, меѓу другото, се расправаше и за целите и перспективите на оваа значајна организација во областа на архивистиката, како и за придобивките и очекувањата за подобрување на нејзиното функционирање во иднина. На ова Собрание на ICARUS, што се одржа во Клајн Маријацел, во близина на Виена, стана збор и за начините за популаризација на историјата и на архивистиката, заради подобра грижа за историјата и минатото и зачувување на заедничкото архивско наследство и богатство.

Во рамките на Генералното собрание на ICARUS, е промовирана и книгата: ,,Архивите и архивското истражување во дигиталната ера”, приредена од професорите, Жарко Вујошевиќ и Небојша Порчиќ.

355312122 578889914402582 5343304116524229120 n
356222937 578889334402640 8584056184899446845 n

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...