2

КООРДИНИРАН ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ОДГОВОР НА БАРАЊАТА НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ

Интересите и барањата на иселениците пред македонските институции се еднакво значајни како и за граѓаните кои постојано живеат во РС Македонија. Поаѓајќи од иницијативата на Обединетата македонска организација (ОМД) доставена до Државниот архив, вчера се одржа меѓуинституционален координативен состанок меѓу директорот на Државниот архив, проф. д-р Наташа Котлар-Трајкова, Ерхан Адеми од Управата за водење матични книги за евиденција, Горан Анѓелов од Агенцијата за иселеништво и Гордан Јорданов, директор на ОМД за Република Македонија. Состанокот беше свикан од директорот на Државниот архив.

Иницијативата на ОМД се состои од изнаоѓање ефикасна процедура за одговор на барањата за иселениците за добивање податоци за своите предци кои потекнуваат од РС Македонија за кои, во овој момент надлежност има Управата за водење матични книги за евиденција. Целта на состанокот беше осмислување насоки за правилно информирање на иселениците, координирање на трите институции во тој правец со нагласување на надлежностите, како и разгледување креативни решенија за поедноставување на постапките.

На состанокот стана збор за почнување проекти за дигитализација со евентуална поддршка на ОМД. Агенција за иселеништво ќе биде мост меѓу засегнатите македонски институции и иселеничките организации за сите новости кои ќе следуваат во однос на информирањето за постапката за добивање податоци за предци на иселениците. Трите институции тековно и благовремено ќе информираат за резултатите од оваа соработка.

3 1

Најнови објави