ZajasLogo

Zajas (1842-1843) - Libri i regjistrimit

Кон крајот на 2017 година Државниот архив на Република Македонија го објави зборникот Зајас (1842-1843) – Пописен дефтер.

Во зборникот е наведен Османлискиот попис за селото Зајас, Кичевска Каза. Пописот е направен 1842-1843 и претставува редовна статистичка операција, која ја правела Османлиската Империја периодично. Како и обично во Османлиската Империја се попишувало само машкото население, а според содржината на дефтерот за село Зајас може да се извадат и да се искористат важни демографски, антрополошки, економски, политички и други податоци.

На пример, таму се евидентирани вкупно 549 лица (мажи), а ако на тоа се додадат од прилика исто толку жени, тогаш произлегува дека селото Зајас во 1843 година броело околу 1.100 жители, што е важен демографски податок.

Овој дефтер нуди и многу важни и интересни податоци за обврските на жителите на Зајас и за нивните професии (занимања). Еден од најзначајните податоци што ги дава пописот, а кој бил многу важен за државата, се податоците за военоспособното население односно оние што биле воени резервисти и оние што служеле во Османлиската армија. Тоа може да се поврзе и со Танзиматските реформи, кои во тоа време биле во тек во Османлиската Империја. Според пописот во селото Зајас тогаш имало 5 спахии, 139 военоспособни, 203 од нив ја надминувале возраста, а 137 биле деца. Активни војници биле 3, а воени резервисти 46.

Најпосле овој превод може да им помогне на сегашните жители на Зајас да ги откријат своите предци од овој период и на тој начин да ја дополнат својата семејна лоза.

Овој зборник е објавен на македонски и на албански јазик, а на крајот на албанскиот превод се дадени и факсимилите на оригиналите, на османскотурски јазик.

Со оглед на претходно кажаното и многуте информации за демографскиот, општествениот и воениот сегмент од историјата на османската држава, но и на Македонија, сметаме дека ова дело ќе даде голем придонес во изучувањето на нашата историја.

Postimet e fundit

URIM PËR VITIN E RI

Државниот архив на своите вработени, соработници и на сите граѓани им ја честита Новата година!

Zbulo me shume...