Државниот архив на Република Македонија на 3 септември 2016 (сабота), во 12 часот, ќе промовира изложба по повод 25 години од независноста на Република Македонија, на Плоштадот Македонија.
Изложбата со наслов „25 години независна Република Македонија“ ја сочинуваат 25 банери на кои се претставени документи и фотографии од изминатите 25 години и го опфаќаат секој сегмент од општествено-политичкиот развој и живот на државата, како што е процесот на осамостојување, првите важни акти, спорт, култура, уметност итн.
Изложбата ќе биде поставена до 20 часот, а потоа е предвидено да патува низ плоштадите на град Скопје и општините во Република Македонија. Покрај банерите, минувачите ќе можат да ги разгледаат изданијата на Архивот и да купат книги и примероци од Специјалната едиција на документи верни на оригиналот.
Средствата од продажбата ќе се донираат за лицата што претрпеа штети од поплавата на 6 август.
Покрај ова, препечатен е првиот број на првиот независен дневен весник во Македонија – „Република“, со што граѓаните ќе имаат можност да се потсетат на настаните од блиското минато.
DREJTORI
Д-р Филип Петровски