NOVOto-LOGO

Kotor - Vizitë në Arkivin Shtetëror Cetinje - Departamenti i Arkivit: Arkivi Historik Kotor

На 17 март 2018 година, делегација од Државниот архив на Република Македонија, предводена од директорот, Кирил Петров го посети Историскиот архив во Котор.

Посетата е реализирана на покана од г-ѓа Снежана Пејовиќ, директор на Историскиот архив во Котор, која на делегацијата од Државниот архив на Република Македонија им ја претстави организационата поставеност на архивите во Црна Гора, работата во Историскиот архив во Котор и проблемите во текот на архивското работење.

За време на посетата во Историскиот архив во Котор, македонската делегација имаше можност да ја види изложбата за побуната на морнарите од 1918 година во Австро-унгарската поморска флота, која била лоцирана во Бокакоторскиот залив. Оваа изложба е подготвена по повод одбележувањето на 100-годишнината од Првата светска војна.

Postimet e fundit