NOVOto-LOGO

Takimi i Drejtorit të Arkivave të Shtetit, Kiril Petrov me Vladimir Sergeevich Ugarov, Zëvendës Drejtor i Shtëpisë së Emigracionit Rus "Alexander Solzhenitsyn"

На 26 април 2018 година Државниот архив на Република Македонија беше посетен од страна на Владимир Сергеевич Угаров, заменик директор на Домот на руската емиграција „Александар Солженицин“ од Москва, Руската Федерација.

Владимир Сергеевич Угаров оствари средба со директорот на Државниот архив на Република Македонија, Кирил Петров.

На средбата беше разговарано за соработката помеѓу Државниот архив на Република Македонија и Домот на руската емиграција „Александар Солженицин“, кој што претставува единствен комплекс, духовен и материјален споменик за културата на руската емиграција.

Во рамките на оваа институција функционираат музеј, архив, библиотека, научно-истражувачка дејност, издавачка дејност и културно-просветен центар. Неговата основна дјност е целосно посветена на историскиот феномен на руската емиграција и врз основа на тоа остварува меѓународни контакти.

Во Домот се собира, обработува и чува архивски материјал, се комплетира книжниот фонд и фондот на списанија и весници, се организираат конференции, семинари, предавања, промоции на книги, изложби и слично, посветени на различни аспекти од историјата и културата на руската емиграција.

Државниот архив на Република Македонија располага со огромен број на архивски материјали, кои се однесуваат на животот на руската емиграција во Македонија на почетокот на XX век, па од таму и интересот на оваа институција за соработка со нашиот архив.

Postimet e fundit