NOVOto-LOGO

Pjesëmarrja në Takimin e 20-të të IKARUS - Qendra Ndërkombëtare për Kërkime Arkivore (23-25 Tetor 2017, Madrid, Spanjë)

Во периодот од 23 до 25 октомври 2017 година, Кирил Петров, в.д. директор на Државниот архив на Република Македонија учествуваше на 20-от Состанок/Конференција на ИКАРУС – Меѓународен центар за архивско истражување (ICARUS – International Centre for Archival Research).

ИКАРУС (www.icar-us.eu) е конзорциум кој ги поддржува архивите и другите сродни институции во справувањето со предизвиците на новото дигитално време. ИКАРУС е основан во 2008 година и е организиран како здружение во согласност со законот во Австрија, а во него членуваат повеќе од 160 институции од околу 30 европски држави, Канада и Америка.

Државниот архив на Република Македонија е член на ИКАРУС од декември 2010 година.

Дваесетиот состанок на ИКАРУС се одржа во Мадрид, Шпанија, во просториите на Факултетот за географија и историја на Универзитетот во Мадрид (UniversitadComplutense de Madrid).

Состанокот се одржа под мотото „Време на технологија: документи, архиви и општество”.

Мнозинството од презентерите на Состанокот беа од Иберискиот полуостров и тие пред останатите учесници ги презентираа своите искуства од областа на архивистиката и дигитализацијата во архивите. На Конференцијата беа понудени различни пристапи кон тековните проблеми во архивите, но исто така беа презентирани и мноштво на активности на проектите кои ги вклучуваат архивите.

Во рамките на „Саемот за компаниите”, за време на Конференцијата беа претставени корпоративните партнери на мрежата на ИКАРУС и учесниците имаа можност да бидат запознати со услугите што ImageWare Austria (www.imagewarescanner.com), Treventus Mechatronics GmbH (www.treventus.com) и Xpectraltek(www.expectraltec.tech) можат да им ги понудат на архивите.Тоа се компании кои што изработуваат и дистрибуираат опрема и софтвер за канцелариско и архивско работење, дигитално архивирање и прават спектрална анализа на фотографии.

За време на Конференцијата се одржаа неколку практични работилници на кои беше претставен Европскиот архивски портал (Archival Portal Europe Foundation), кој е најголем on-line архивски портал во светот,порталот „Topotheque”, а беше организирана и работилница за авторските права и лиценцираното работење. (Амбициите на „ Topotheque” се историското наследство да биде достапно преку интернет и преку апликација која ги вклучува сите предности на постојаната можност за ажурирање. Тоа е платформа преку која локалното историско знаење и материјал, во сопственост на приватни лица може да биде on-line достапно и со нејзе се овозможува пребарување по клучен збор, дата или локација.)

Меѓу темите на Конференцијата беше и електронското архивирање во Шпанија и нивниот систем на електронско работење воопшто.

Во Мадрид, за време на Состанокот на ИКАРУС се одржа и 6-от по ред партнерски состанок на „co:op”, а беа одбележани и 15 години од постоењето на Monasterium (Monasterium.Net), европски виртуелен архив за повелби, на кој се наоѓаат околу 250.000,00 средновековни повелби, добиени од околу 60 институции од 10 европски земји. (Community as opportunity: the creative archives’ and users’ network), проект во чија реализација учествуваат 17 институции од 11 европски земји, а е поддржан од финансиски средства од Европската Комисија, во рамките на програмата Creative Europe. Целта на овој проект е да се зајакне и да се унапреди соработката помеѓу архивите и другите институции кои чуваат заедничко културно наследство и да се поттикне учеството на јавноста. Државниот архив на Република Македонија од август 2016 година е партнер/соработник на овој проект.)

Помеѓу работните сесии на Конференцијата, директорот на Државниот архив на Република Македонија, Кирил Петров се сретна со претседателот на Меѓународниот центар за архивско истражување, д-р Томас Аигнер и разговараше за можностите за вклучување на Државниот архив на Република Македонија во проектите на ИКАРУС.

За време на Состанокот на ИКАРУС во Мадрид беше посетен и Регионалниот архив во Мадрид и Генералниот архив во Universidad Complutense de Madrid, каде што на учесниците им беа презентирани условите за работа во тие архиви, а им беа претставени и најстарите и најзначајните документи што се чуваат во нивните депоа.

Postimet e fundit