NOVOto-LOGO

OBJEKTETET E REJA TCH ARKIVIT SHTETROR T THE REPUBLIKS S M MAQEDONIS - - DEPARTAMENTI KUMANOVO

По повод 65-годишнината од основањето на Државниот архив на Република Македонија, на 1 април 2016 година во Куманово се пуштени во употреба новите простории на Државниот архив на РМ сместени во реновираниот објект на поранешниот Дом на Армијата.

Целосно реновираниот објект има површина од 2 750 метри2. Набавен е нов ентериер: специјални плакари за чување документи, кои се движат на шини и се заштитени од пожар и поплава како и плакари за микрофилмови. Уреден е и дворот на објектот со површина од 1 600 метри2.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по свеченото пуштање во употреба на објектот изјави дека по иницијатива на поранешниот директор на Државниот архив, сега покојниот Зоран Тодоровски, е оценето како најдобро решение објектот да се обнови и да се стави повторно во употреба.

Директорот на Државниот архив д-р Филип Петровски истакна дека новите простории на Државниот архив во Куманово можат да ги покријат потребите на целиот регион и оти реновираната зграда е најубавата управна зграда во градот. Во депото има простор за сместување на два километра архивски материјал. На погорниот кат има резерва за уште еден километар архивски документи. Освен архивски материјал на хартија и на микрофилм, во Државниот архив во Куманово ќе се архивираат и дигитализирани материјали.

Postimet e fundit