1000026472

Македонска делегација предводена од директорот на Државниот архив м-р Димитар присуствуваше на состанокот на претставниците на Архивите сукцесори на поранешна СФРЈ.

Државниот архив на Босна и Херцеговина беше домаќин на состанокот на претставниците на Архивите сукцесори на поранешна СФРЈ. Македонска делегација предводена од директорот на Државниот архив м-р Димитар Богески активно учествуваше на состанокот каде се дискутираше за прашања од заеднички интерес поврзани со архивскиот материјал и процесите на сукцесија, со посебен акцент на дигитализацијата на заедничкото архивско наследство. Во фокусот беше и проектот за дигитализација на фондот на Претседателството на ФНРЈ, при што беше нагласена важноста од обезбедување пристап до дигитални копии за сите држави наследнички.Состанокот претставува продолжение на меѓународната соработка меѓу архивите во регионот, насочена кон заштита, достапност и современо управување со архивското наследство од поранешната заедничка држава

Postimet e fundit