Денес одбележуваме 75 години од постоењето на Државниот архив, 75 години чување на нашата меморија, историја и идентитет.По повод јубилејот, беше промовирана и јубилејна поштенска марка, мал симбол со големо значење. Таа ќе патува низ светот и ќе ја раскажува нашата приказна.Како што истакна директорот м-р Димитар Богески, оваа марка не е само симбол, туку сведоштво за нашата посветеност кон зачувување и промоција на државната меморија.За некого е само марка, но за нас е признание, посветеност и љубов кон архивската дејност.Ова е мост меѓу минатото и иднината, потсетник дека Архивот не само што чува, туку и раскажува.Голема благодарност до сите кои учествуваа во нејзината изработка. Вашиот труд остава трага.







