740225387_1325212466436986_3768070257584588443_n

работна средба со директорот на Управата за водење на матичните книги и директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, денес оствари работна средба со директорот на Управата за водење на матичните книги, Фатон Фазлиу, и директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, Накил Фетаи.

На средбата се разговараше за прашања од заеднички интерес, при што беа разменети мислења и искуства поврзани со надлежностите на институциите, како и можностите за понатамошна соработка во насока на поефикасно извршување на законските обврски.

Соговорниците ја истакнаа важноста од континуирана комуникација и меѓуинституционална соработка во интерес на унапредување на јавните услуги и заштитата на документацијата и личните податоци.

740225387 1325212466436986 3768070257584588443 n

Postimet e fundit