2

Државниот архив на работилница на Архивскиот комитет на НАТО во Атина

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, и раководителот на Секторот за истражување, меѓународна и домашна соработка и публикување на архивски материјал Светлана Успрцова учествуваа на работилница/состанок на Архивскиот комитет на НАТО, која на 21 и 22 мај се одржа во Министерството за надворешни работи на Грција. Ова е првпат ваков настан да се организира надвор од седиштето на НАТО во Брисел.

Овие работни средби се одржуваат двапати годишно, а Државниот архив е редовен и активен учесник уште од приемот на нашата земја во НАТО (27.3. 2020) година.

Настанот е одлична можност за размена на професионални искуства, со посебен фокус на процесите за декласификација на архивски документи од НАТО мисиите и примената на најдобрите практики во архивското работење и заштита на личните податоци.

1
2

Postimet e fundit