1000029869

Ekspozitë me rastin e Javës Ndërkombëtare të Arkivave.

Во рамки на одбележувањето на Архивската недела 2026, која годинава се одржува од 8 до 12 јуни под мотото „Архивите за правда: Архивите како активна сила за правдата, меморијата и иднината“, денес во НУ „Музеј на тетовскиот крај“ беше промовирана книгата „Османлиски документи за историјата на Македонија – попис на христијанското население од Скопски санџак, Тетовска каза, 1838/1839 година“ од доц. д-р Аднан Шериф.За изданието говореа промоторите доц. д-р Бранислав Светозаревиќ и доц. д-р Армен Жарноски, кои ја истакнаа неговата значајна научна и историска вредност за проучувањето на минатото на Македонија.По промоцијата беше отворена и изложбата „Документи и фотографии за Македонија од времето на османлискиот период“, реализирана како заеднички проект на Државниот архив и Генералната дирекција на државните архиви при Претседателството на Република Турција.

1000029884
1000029874
1000029871
1000029869
1000029855
1000029852
1000029883

Postimet e fundit