Во рамки на проектот „Дигитализација на Државниот архив на Македонија – DIG_DARSM“, кој се реализира со поддршка од Центарот за меѓународна соработка и развој (ЦМСР) – Република Словенија, на 10 јуни 2026 година во Архивот на Словенија се одржа работна средба помеѓу директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, и директорот на Архивот на Република Словенија, д-р Андреј Наред.
Со колегите беа разменети искуства и предизвици при воведување на електронското управување со архивската документација, вклучително и законодавната рамка, со што се потврди континуираната плодна соработка помеѓу овие две исклучително важни институции.
Целта на Државниот архив е да стане национален централизиран систем за архивирање на документи преку воведување на пилот-проектот за имплементација на е-архив и е-депо.
Проектот претставува основа за една од фундаменталните точки на стратегијата за воведување на без хартиено работење преку дигитализација на процесот на архивирање во Македонија и развој на национален е-архив во рамките на Државниот архив.

